МВР со акција во кумановскo: Претреси во Лојане и Ваксинце, приведени 3 лица

од Nikola Popovski

Портпаролката на МВР, Сузана Праниќ Талевска соопшти дека рано утринава од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со Единицата за брзо распоредување и СВР Куманово, а по претходно издадена Наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

„При извршениот претрес во Ваксинце, пронајдени се 10 мигранти од Бангладеш, две лица се приведени.

Во Лојане при претрес на дом на А.А. кој е надвор од земјата, биле најдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан, 2 од Авганистан, од кои четири малолетни лица. Приведено е едно лице во врска со овој случај. Приведените денеска треба да бидат изведени пред Суд, а мигрантите ќе се однесат во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија“, изјави Талевска.

Слични содржини