МВР со детали за дојавите за бомби во скопските училишта

од Nikola Popovski
144 прегледи

Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

На сите ученици кои биле присутни во втора смена им било соопштено да ги напуштат училниците за краток период и дека се ослободуваат од настава.

Дојави за бомби имаше и во текот на вчерашниот ден.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово соопшти дека полицијата ги знае првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови.

-Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави Спасовски.

Слични содржини