Шест лица се повредени во експлозија на плинската боца која се случила вчеравечер во викендица во селото Матејче во општина Липково.
-На 21.03.2021 во 21,45 часот во СВР Куманово од Општата болница-Куманово било пријавено дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект (викендица) во с.Матејче на место викано „Матејачки колиби“. Потоа тие биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираа од МВР за „Локално“.