МВР со детали за физичкиот напад на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski
240 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“. Според полицијата, лицето синоќа било нападнато од тројца охриѓани.

-На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С.

Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид

Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштија од охридската полиција.

За немилиот настан синоќа прв информирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според бугарските медиуми, по тој повод Ковачев веќе разговарал со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Слични содржини