Од Министерството за внатрешни работи денеска излегоа со официјални информации за тепачката што синоќа се случи во скопската населба Карпош, во близина на трговскиот центар „Антико“. Според МВР, до групната тепачка дошло откако возило удрило во 16-годишен пешак.
-На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(28) и Б.Е.(27), од една страна, и Х.Ј.(21) и Р.И.(49), од друга страна сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а на местото на тепачката пристигнале и екипи на Брза помош кои ја укажале потребната помош.