МВР со детали за исчезнувањето на младата девојка од Илинден

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Министерството за внатрешни работи сеогаси откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара.

„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Р. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

На социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето и апел од нејзината мајка, во која наведува дека девојчето со име Клара е излезена вчера во 18 часот во Илинден, на себе има  црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Висока е 1.65 сантиметри, тешка 56 килограми и има кафен- зелени очи.

Слични содржини