МВР со детали за одлепувањето на плакатите и вандализирањето на билборди во Тетово

од Берта Китинска
461 прегледи

Вчера во Тетово се одлепувале плакати и се вандализирал билборд, според информациите во медиумите лидерот на владиниот коалиционен партнер ДПА, Мендух Тачи го надгледувал вандалскиот чин по што бил сопрен од полицијата.

-Денеска (30.09.2021) во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации, од неколку лица кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки. Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(56) од Тетово, а возилото „голф “ го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија до МВР.