МВР со детали за пожарот во Ново Лисиче

од Берта Китинска
390 прегледи

Утрово беа запалени неколку автомобили на паркинг во скопската населба Ново Лисиче.

„На булеварот АСНОМ, на паркинг има  целосно опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје. Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини