МВР со детали за превртеното возило на автопатот А1 на 20 км пред „Богородица“

од Nikola Popovski
708 прегледи

МВР излезе со официјални информации за превртеното возило на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“.  Според полицијата, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.

Денеска околу 08.20 во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди. Увидот е во тек, велат од МВР.

Како што претходно објави „Локално“, сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош веднаш пристигнала на самото место на настанот.

Слични содржини