МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Охрид-Ресен: Приведен турски државјанин

од Nikola Popovski
129 прегледи

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашната сообраќајна несреќа на патот Охрид-Ресен, во која загина едно лице. Според полицијата, трагичниот настан се случил пред 20 часот.

-Вчера во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираа од МВР.

Се додава и дека возачот на автобусот е приведен.

Сообраќајот на магистралниот пат беше во прекин неколку часа додека траеше увидот на несреќата.

Слични содржини