МВР со детали: Заканувачки мејлови за поставени бомби во осум училишта

од Nikola Popovski
155 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска (01.12.2022) околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од полицијата.

Ова е веќе 10-ти ден како училиштата примаат заканувачки мејлови. Последниот пат кога училиштата добија закани беше на 16-ти ноември. Првата дојава се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Сите дојави за бомби досега беше утврдено дека се лажни.

Засега нема индиции кои се можните сторители, иако полицијата и надлежните институции работат на откривање. Се претпоставува дека станува збор за хибридни закани.

Слични содржини