Во неделата на паркинг во скопската населба Ново Лисиче изби пожар во кој беше запалено едно возило, информираат од МВР.
Во врска настанот од 09.08.2020, кога околу 09.10 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на паркинг простор на бул. „Асном“ во нас.Ново Лисиче настанал пожар во патничко возило„сеат алтеа“, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје, при што биле зафатени и возилата во непосредна близина „фиат пунто“, сопственост на И.Н (41) и „мерцедес Е 270“, сопственост на К.С (73), двајцата од Скопје, од страна на полициски службеници од Полициската станица Аеродром е излезено на местото на настанот и откако пожарот бил изгаснат од Противпожарната бригада на град Скопје, било констатирано дека целосно изгорело возилото „сеат алтеа“, а делумно се опожарени другите две возила.
Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 09:20 часот, внатрешноста на возило „сеат алтеа“ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време оштетениот се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот се шири многу брзо и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила.