МВР спроведе акциска контрола на странски државјани кои немаат регулиран престој

од Radmila Tasevska

Во текот на вечерта (15.04.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола за контрола на странски државјани кои немаат регулиран престој или извршуваат работни задачи без соодветна дозвола или го злоупотребуваат престојот на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 146 угостителски објекти, седум обложувалници и казина, како и три сместувачки капацитети, приведен е еден странски државјанин поради непоседување на документи за лична идентификација, а констатирано е и едно кривично дело за точење алкохол на малолетни лица по член 204 од Кривичниот законик.

Слични содржини