МВР уапси поранешен член на ОВК баран со потерница од Србија

од Nikola Popovski
203 прегледи

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора соопштува дека е информирано за апсење на косовски државјанин од страна на македонската полиција врз основа на потерница издадена од Србија.

Од косовското Министерството за правда велат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона „Неродиме“ на ОВК (УЧК).

Министерството за надворешни работи на Косово соопштила дека амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја е интензивно ангажиран околу постапувањето со овој случај.

„Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани“, се вели понатаму во одговорот за косовските медиуми.

Од косовското МНР наведуваат дека ќе ја информираат јавноста околу новостите во врска со овој случај.

Слични содржини