МВР: Вкупно 140 возачи санкционирани само во изминатите 24 часа, 78 санкции за брзо возење

234 прегледи

 Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 78 санкции.

Како што информира МВР, 11 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон и 17 санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат  граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се даде придонес за посигурни патишта.

Слични содржини