МВР: ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење

од Берта Китинска
166 прегледи

Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење, стои во реакцијата  од МВР по соопштението од страна на опозицијата во кое се наведува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница.

„Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните. Вистината е сосема спротивна.Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор.Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите.А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага.МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!“, стои во соопштението на МВР.

Слични содржини