МВР за акцијата во Прилеп: Во криминалната група вмешани се полициски службеници

од Берта Китинска
190 прегледи

Во период од септември 2020 година спроведена е полициска акција во Прилеп, а една од нив е и вчерашната акција. Приведени се 6 лица, а од почетокот на акцијата во септември минатата година, до денес вкупно приведени се 16 лица, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски

Тој додаде дека при претресот  е пронајдена е дрога, пари  од продажба на дрога мобилни телефони, уапсените лица ќе бидат предадени на јавен обвинител.

-Полицијата има докази за вмешани полициски службеници во овие криминални групи и во иднина и за нив ќе бидат покренати пријави, изјави Ангеловски.

Вчера извршени се претреси на 16 локации во Прилеп.

Слични содржини