Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште не постигнало договор според кој може да ја прими ветената донација од агрегати за струја што претходно ја најави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за македонските гранични премини со Бугарија. Ова попладнево го порачаа од МВР за „Локално“.
-Согласно законските прописи без договор институцијата не може нит да прими нит да предаде донација. За секоја наша институција е така, а нивните прописи не ги знаеме, кратко информираа од полицијата.
Бугарското национално радио денеска извести дека на македонскиот граничен премин Деве Баир одбиле да ги примат агрегатите за струја, повикувајќи се на информации од вработени на бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“.
Во план беа да пристигнат три агрегати.
Најавата за донација од бугарските власти следува откако во саботата на 4-ти февруари поради прекин во напојувањето со струја, падна системот за контрола на ГП „Деве Баир“ за влегување и излегување во земјава, при доаѓањето на бугарските граѓани кои сакаа да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев.