Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска со вклучување во живо преку Фејсбук се пожали дека утрово полициско возило го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.
Од полицијата за „Локално“ велат дека МВР го има вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот.
-Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, информираа од МВР.