Министерството за внатрешни работи вечерва се огласи после инцидентот што се случи во Куманово, кога едно момче нападна девојка, по што доби ќотек од друго лице. Според полицијата, за настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката.
– Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.
На социјалните мрежи осамна видео, на кое може да се види како момче тепа девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго машко лице.
„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.
Според коментарите под видеото, настанот се случил во Куманово, позади културниот дом во центарот на градот.