МВР задолжени да ги преземат сите мерки за обезбедување на одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Делчев,

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Владата на денешната седница донесе заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност.

Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини