187
Дури 33 закани за експлозивни направи пристигнале на адресите на основни училишта низ Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.