Министерството за внатрешни работи во изминатиов период презеде зајакнати репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и неов властената трговија со нив, при што запленети се над 147.000 пиротехнички средства.
Тетовската полиција привела 50-годишно лице кај кого се најдени 1100 парчиња пиротехника во рамки на засилените контроли за сузбивање на ваквата продажба. Најголем дел од пиротехничките материјали биле петарди.
-На улица 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле З. К. (50) од Тетово, кај кого биле пронајдени и одземени 1116 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За неовластена употреба на пиротехнички средства предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додека според член 396 од Кривичниот законик за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, скедува казна затвор од три до десет години.