МВР: Затворски казни за пукање на свадби

од Nikola Popovski
761 прегледи

По олабавувањето на мерките поврзани со пандемијата со Ковид 19, започна со полн интензитет организирањето свадбени и други свечености, поради што Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје и од неовластено организирање огномети, соопштија од ресорното министерство.

Полицијата додава дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31).

-Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а  организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки за заштита на животот и имотот на присутните на свеченоста, додаваат од тетовската полиција.

Слични содржини