МВР: Завршија антитерористичките проверки во сите средни училишта

од Берта Китинска
177 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека завршија антитерористичките проверки во сите средни училишта на подрачје на град Скопје, кои беа направени по денешната пријава дека на меил на едно училиште е упатена закана за поставена експлозивна направа.

По направените проверки беше утврдено дека пријавата е лажна, а сите проверки се завршени без проблеми.

Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бомби.