171
Во изминативе 24 часа починаа нови 26 лица како последица на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Најмладиот е 42-годишен жител на Скопје.
Од починатите во изминатово деноноќие, седум пациенти се од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г).
Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.