МЗ: 83% од починатите од Ковид-19 не биле вакцинирани

од Nikola Popovski

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 21.10.2021 на територија на државата починале 1506 лица со Ковид 19, 1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, покажува анализата на Министерството за здравство.

Од таму укажуваат на важноста на вакцинација.

-Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2, велат од МЗ.

Слични содржини