Од Министерството за здравство истакнуваат дека бројот на примени лица во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места во ковид- центрите во Скопје, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Со ова, вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Најмногу примени во изминатото деноноќие има на Инфективната клиника – 9, потоа на интерните клиники – 8 и во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ 5 пациенти.
Во истиот период, дома заминале 15 оздравени пациенти.
И натаму, на Инфективната клиника се лечат најмногу од заболените со ковид- 89, по што следи „8 Септември“ со 79 пациенти со ковид.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти.
Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.