МЗ: Има околу 565 празни болнички кревети во ковид-центрите

од Nikola Popovski
250 прегледи

Според Министерството за здравство во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 5, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 317 и има околу 565 празни болнички кревети во ковид центрите, известува надлежното министерство.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти“, додаваат од таму.

Слични содржини