МЗ ќе формира тим за рана дијагностика и третман на нарушувањата во спиењето

Според меѓународните проценки, околу 10–30% од возрасната популација се соочува со проблеми со спиењето, додека 6–12% имаат хронична несоница (инсомнија), а 6–17% – нарушувања како опструктивна апнеа на спиење

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: МЗ

Од Министерството за здравство информираат дека започнуваат првата иницијатива во нашиот здравствен систем за формирање мултидисциплинарен тим кој ќе се посвети на рана дијагностика и третман на нарушувањата во спиењето.

-Тимот ќе ги обедини специјалистите од пулмологија, неврологија, психијатрија, ендокринологија, кардиологија, оториноларингологија и анестезиологија, со цел да се воспостави современ, интегриран пристап кон пациентите со вакви проблеми.

Според меѓународните проценки, околу 10–30% од возрасната популација се соочува со проблеми со спиењето, додека 6–12% имаат хронична несоница (инсомнија), а 6–17% – нарушувања како опструктивна апнеа на спиење, информираат од Министерството за здравство.

Слични содржини