Министерството за здравство информира дека националниот систем „Мој термин“ и во текот на денешниот ден испраќа известувања до граѓаните кои се пријавени за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk.
– Термини за вакцинирање се креираа синоќа до 22 часот. Како не би се вознемирувале граѓаните доцна во ноќта со испраќање пораки, тие се испраќаат и во текот на денот. Освен известување на мобилен телефон, граѓаните може известување да добијат и на нивната е-меил адреса, а може да проверат за термин и на vakcinacija.mk, се вели во соопштението.
Од ресорното Министерство посочуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.
Периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер“, „Спутник В“, како и вакцини преку Ковакс механизмот, се додава во соопштението.