МЗ: Тестирањата за Ковид-19 ги закажуваат само матичните лекари

од Берта Китинска
267 прегледи

Матичните лекари во третманот на пациентите позитивни на ковид-19 постапуваат по претходно утврден и усвоен протокол од Клиниката за инфективни болести, информираше денеска Министерството за здравство, од каде наведуваат дека речиси 1.200 матични лекари се вклучени во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус.

Од таму информираат и дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење. Притоа матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот Мој Термин, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести.

Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, од Министерството треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.

Слични содржини