МЗ: Вакцинирани 41.623 лица, се уште трае епидемијата на морбили

од desk4
115 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека сè уште е во тек епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава. Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623.

Од почетокот на епидемијата, досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.291 дози вакцина, од кои повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години. Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица, посочуваат од Министерството за здравство.

Слични содржини