МЗ во Газа: Повеќе од 3.700 луѓе загинаа, меѓу кои 1.524 деца

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Според последните податоци на министерството за здравство на Газа, најмалку 3.785 Палестинци се убиени откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

Според Би-Би-Си, меѓу убиените има 1.524 деца, 1.000 жени и 120 постари лица.

Вкупно 12.493 лица се повредени, додаваат здравствените власти.

Бројот на загинати вклучува и 471 лице за кои министерството за здравство во Газа соопшти дека биле убиени во вторникот во Арапската болница Ал-Ахли.

Лекарот во болницата во Газа, Хасан Абусита, рече дека 40 отсто од случаите кои ги видел биле деца.

„Четириесет отсто од сите случаи кои сум ги видел се деца. многу од нив се со тешки повреди, без еден или двајцата родители. На овие деца ќе им треба долго, долго време да се опорават“, навел тој.

Слични содржини