Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите.
Според Министерството за здравство на дневна основа, во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во болницата во Штип 28 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 22 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 30, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар има 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Ресорното министерство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.