МЗ започнува со скрининг за рана детекција на рак на грло на матка

од Nikola Popovski

Министерството за здравство токму на Меѓународниот ден на жената информираше дека почнува со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка.

За закажување превентивен преглед за рана детекција на рак на грлото на матката од денеска е достапна веб-платформата skrining.mk.

Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП-тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен.

Веб-платформата skrining.mk е директно поврзана со системот Мој термин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП-тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП-тестот.

Слични содржини