МЖСПП: Меџити ги има сите овластувања од граѓаните, Законот и Уставот да управува со институциите

од Nikola Popovski
45 прегледи

Се огласија од Министерството за животна средина по денешните обвинувања на ДУИ. Од Кабинетот на министерот Изет Меџити велат дека партијата на Али Ахмети „не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги презеде овластувањата да владеат, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција“.

Според соопштението, Меџити ги има сите овластувања од граѓаните, Законот и Уставот да управува со институциите, со полн капацитет и со проекти кои се реализираат за доброто на граѓаните низ целата држава, а не како што тоа го направи ДУИ за збогатувањето на нивната врхушка и нивните семејства, а врз грбот на Албанците“.

-ДУИ не може да се согласи со тоа што Изет Меџити за 6 месеци во влада реализира проекти кои не ги ни размислувале 22 години, кажаа од Министерството.

Претходно од ДУИ обвинија дека по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдена злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет.

-Врз основа на решението на Инспекторатот за администрација со број 11-1653/2024 од 17.01.2025 година, Изет Меџити е целосно лишен од своите надлежности, кои се пренесени на Дирекцијата за животна средина. Со оваа одлука, новиот директор е задолжен да не испраќа на потпис во кабинетот на Меџити ниту еден документ од клучните сектори на министерството, вклучувајќи го Секторот за природа, води, отпад, животна средина и индустриско загадување. Овие сектори сочинуваат над 70% од надлежностите на Министерството за животна средина, што го прави овој потег невиден преседан, рекоа меѓу другото од партијата на Ахмети.

Слични содржини