МЖСПП по пожарот во Трубарево: Останете дома, затворете прозорци, исклучете вентилација, користете маски, заштите ги ранливите лица…

За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните, Министерството ангажираше акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во погодената зона“

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) доцна синоќа излезе со препораки граѓаните кои живеат во близина на Трубарево, односно местото каде избувна голем пожар, да преземат мерки за заштита.

1. Останете дома – Избегнувајте престој на отворено, особено во близина на локацијата на пожарот.

2. Затворете ги прозорците и вратите, за да се намали можноста за внесување на загаден воздух во просториите.

3. Исклучете надворешна вентилација, Избегнувајте користење на клима уреди и системи без филтри кои вовлекуваат воздух однадвор.

4. Заштитете ги ранливите групи – Децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања нека останат во затворен простор.

5. Користете заштитни маски – Ако е неопходно излегување, носете маски од тип FFP2 или FFP3.

6. Бидете внимателни со храна и вода – Темелно измијте овошје и зеленчук од околните градини. Користете само вода од сигурни извори.

7. Следете ги официјалните информации, Редовно информирајте се преку каналите на Министерството.

„За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните, Министерството ангажираше акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во погодената зона.

Резултатите од овие мерења ќе бидат јавно објавени веднаш по нивната обработка, а првите резултати веќе се очекуваат вечерва! Министерството ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за сите понатамошни активности и наоди поврзани со настанот. Во очекување на резултатите од мерењата.

Министерството апелира на смиреност и рационално однесување и уверува дека сите надлежни институции се мобилизирани за следење и управување со состојбата“, велат од МЖСПП.