МЗЗПР ќе засади 33 садници за секое загинато лице на работното место во земјава лани

од Марта Пешевска
103 прегледи

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) по повод 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа покренува иницијатива за  садење 33 садници во чест на 33-те загинати лица на своите работна места во 2018 година во земјава.

На настанот ќе присуствуваат членовите и партнерите на МЗЗПР, а ќе биде промовиран и редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места за 2018 година. Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2018 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите.