Мјанмар: Соборената премиерка Аунг Сан Су Чи осудена на уште седум години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Специјалниот суд, формиран од армијата на Мјанмар, денеска ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи (77) на дополнителни седум години затвор по обвиненијата за корупција, објавија локалните медиуми.

Добитничката на Нобеловата награда за мир за нејзината повеќедецениска борба за демократија ќе помине вкупно 33 години зад решетки, бидејќи на судењата од декември минатата година беше осудена на најмалку 26 години затвор.

Во последното од серијата судења, ѝ се судеше по пет точки од обвинението за корупција во затворски комплекс во главниот град Најпидау, објави „Кјодо“.

Слични содржини