N1 дознава: Ова е чипсот од Србија кој содржи канцероген акриламид

од Stefanija Kuzmanovska

За ребрестите чипсови со вкус на пиперка од 150 грама од чачанскиот производител Chips way, при извозот во Хрватска, било откриено дека содржи недозволено количество акриламид, дознава N1 од Државниот инспекторат на Хрватска.

„Станува збор за производителот Chips way d.o.o. од Чачак и производот ‘CHIPS bits&bytes rebrasti paprika’ во пакување од 150 грама“, се вели во одговорот на Државниот инспекторат на Хрватска.

Овие чипсови со вкус на пиперка имаат рок на траење до 25 декември 2023 година.

Бар-кодот на производот е 3 856025 853261, серија L28062023 (L280623 A09:31).

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

Слични содржини