На 117 години почина најстариот европски граѓанин

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Во Шпанија на 117 години почина најстарата личност во Европа – Ана Вела. Родена на 29 октомври 1901 година во јужната автономија Андалузија, највозрасната жена почина во старечки дом во Барселона, наведе весникот “Vanguardia”.

Во текот на нејзиниот живот, Ана Вела работи како шивачка, а исто така и како директор на продавница за намирници. Таа подигнала 4 деца.

Италијанката Ема Морено почина во април оваа година. По нејзината смрт, Ана Вела стана најстарата личност во Европа.