Пучдемон и четворица други поранешни министри од Каталонија ја напуштија Шпанија откако регионалната влада беше соборена од Мадрид за едностраното прогласување на регионот како независен.

  Шпанија  испрати до Белгија барање да бидат екстрадирани каталонците кои се на нивната територија . Шпанската обвинителство ги обвини за побуна, антидржавна активност и финансиска злоупотреба.

Пол Бекер, еден од адвокатите на Пуадемон, објави дека одлуката за извршување на налогот за апсење ќе биде донесена на 14-ти декември.

Минатиот месец судот во Брисел одлучи да не го притвори Пучдемон , но не му дозволил да ја напушти земјата без согласност на судот.

 Претходно, Шпанскиот Врховен суд објави  дека шест каталонски политичари се пуштени со кауција, но сепак остави четири каталонски лидери во притвор.