На 14-ти мај пристигнуваат втората пратка вакцини од АстраЗенека

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче најави дека во наредниот период ќе пристигне нов контигент на вакцини за нашата земја.

„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот АстраЗенека“, објави Филипче.

Според него, вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, при што апелираше сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.

Вкупно 651.000 дози на вакцините „Фајзер“ ќе бидат доставени на регионот од мај до август. Од нив, 119.123 вакцини се за Северна Македонија.

По пристигнувањето на 200 илјади вакцини од „Синофарм“, Филипче, најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Слични содржини