На 150 илјади граѓани ќе им се отпишат каматите

од Берта Китинска
402 прегледи

Долговите кои ги имаат кон државните органи и јавните институции и даночни долгови на 150 илјади граѓани ќе им бидат отпишани, a главниот долг ќе го плаќаат на 12 рати

Ова го предвидува предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19, што денеска го усвои Владата и ќе биде испратен во Собранието.

Објаснувајќи ја постапката, тој рече дека државните органи и јавните институции опфатени со овој закон и Управата за јавни приходи, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата на секој граѓанин во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на овој закон.

Потоа, најдоцна во рок од 15 дена, да ги известат физичките лица кои се јавуваат како нивни должници, со јавна објава на официјалната веб-страница на државните органи и јавните институции, преку електронските и печатените медиуми или друг начин, како, на пример, известување и опис на постапката преку сметките што ги добиваат граѓаните по пошта.

Владата апелира овој пример на државните и јавните органи да го следат и приватните компании за да покажат општествена одговорност.

Слични содржини