На 18. ноември билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово во Приштина

од Nikola Popovski
24 прегледи

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани најави дека на 18-ти ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.

Муртезани потенцирал дека важноста на оваа посета е зајакнување на соработката и стабилноста во регионот.

„На 18 ноември, Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе ја посети Приштина, на билатерална меѓувладина средба. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнувањето на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите оние обвинувања на опозицијата, особено на албанската, кои се обидуваат да го прикријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција, продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија“, кажал Муртезани во интервју за „Лајм“.

На 5-ти август, косовскиот премиер Албин Курти беше во посета на земјава, што беше прва посета на официјален странски владин преставник откако Македонија доби нова влада. Барањата за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, како и прашањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК  Блерим Рамадани, кој тогаш беше во домашен притвор во Скопје, биле тема на разговор на средбата на македонскиот и косовскиот премиер.

Слични содржини