На 27 април беше извршен политички атентат врз Албанците ! Новата власт да обезбеди владеење на правото

од Vladimir Zorba
83 прегледи

На 27 април се случи политички атентат врз Албанците, нападнат бев политички, нападната беше нашата идеја за која сакавме да разговараме и никој не може да ни забрани да разговараме изјави Зијадин Села на првото појавување во јавноста по бруталниот напад и обид за убиство во парламентот. Ние не потпишавме никакви гаранции,  но без оглед на тоа дали ќе бидеме во Владата или не,  ние ќе гарантираме за Албанците и борбата за нашите права.

Го нарекувам тоа политички атентат зато што бев нападната за тоа што го зборувам и се залагам , а не дека имам нешто со тие што го направија тоа, па јас тие луќе дури и и не ги познавам. Тоа е правниот аспект со кој не сакам да се занимавам – изјави Зијадин Села на неговото денешно прво појавување во јавноста по крвавиот четврток.

Села изјави дека тој и неговата партија и по 27 април уште посилно ќе се залагаат за правата на Албанците посочувајки дека новата власт треба да владее по словото на правото и законот без разлика на етничка и било каква припадност и да создаде држава во која сите грагани ќе ги уживаат правата подеднакво.

Села отфрли да потврди дека неговата партија ќе го добие ресорот здравство и рече дека тоа е работа на преговори и одлука на мандатарот Заев.