Во албанскиот пристаништен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба. 
Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама, колегите од Македонија, Црна Гора, Бугарија,Грција, Хрватска,Косово и Србија, ќе ги пречека во владината вила.
На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.
Средбата ќе биде со идентичен формат,како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август минатата година, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев. 
Покрај премиерите на државите од регионот, на ланската средба, во Драч беше и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.
Според албанските медиуми, се уште нема потврда дали ќе има претставник на оваа значајна финасиска институција на претстојната средба на 27 август.