На 38 години, Меколи Калкин повторно е „Сам дома“ (ВИДЕО)

од Vlatko K
188 прегледи

Некој пак го заборавил Кевин МекКалистер сам дома, но овој пат ситуацијата не изгледа толку
страшно, бидејќи Меколи Калкин, кој се враќа за кратко кон својата историска улога, веќе е на 38
години.


Повод да го видиме повторно во овој лик е римејк на некои од најпопуларните и најзабавни сцени
од познатиот филм од 1990 година во реклама на Google за уредите Google Assistant – Home Mini,
Home Hub и смартфонот Pixel.

Во видеото се гледа дека Кевин уште умее да ужива во времето кога е сам дома, но со годините
забавата малку се променила. Плаќањето на испораката за пица се случува далечински,
афтершејвот веќе не го трауматизира и иако скокањето на креветот се уште му се допаѓа, веќе
размислува за перење потоа.

https://youtu.be/xKYABI-dGEA