На 5 и 10 јуни ќе се полага државната матура, се пријавиле 15.294 ученици

од Nikola Popovski
240 прегледи

Државниот испитен центар (ДИЦ) објави дека за државна матура годинава се пријавиле 15.294 матуранти, од кои 7.050 од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

„Во согласност со концепцијата за матура, учениците екстерно полагаат 2 предмета, 2 интерно и проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 5 јуни ќе се полага задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.848 кандидати, албански јазик и литература 4.078, а 272 турски јазик и литература.

На 11 јуни ќе се полага англиски јазик, германски јазик, француски јазик, руски јазик, математика, естетика и филозофија. Англиски јазик пријавени се да полагаат 13.452 матуранти, германски јазик 140, француски јазик 32, руски јазик 18, математика 1.529, филозофија 14 и естетика 66 матурани.

На македонски наставен јазик пријавени се да полагаат вкупно 10.886 матурани, на албански наставен јазик 4.134 и на турски наставен јазик 274.

Дополнителните термините за полагање на матурантите што на денот кога се реализираат екстерните испити од државната матура се болни од Ковид-19 или се во самоизолација се:

25 јуни – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;

28 јуни – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Почетокот на испитите е во 10 часот.

Сите испити ќе се реализираат во согласност со протокол за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и околу 2.000 наставници како тестатори и околу 300 набљудувачи.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот екстерен испит“, соопштија од ДИЦ.

Слични содржини